петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Влегле во куќа и украле пари и златен накит – приведени двајца крадци од Скопје

Влегле во куќа и украле пари и златен накит – приведени двајца крадци од Скопје

На 07.09.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода биле лишени од слобода Е.Х.(31) и П.П.(27) двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 31.08.2021 на ул.“Кумановска“ извршиле кривично дело кражба во куќа, при што одзеле пари и златен накит. Со нив бил извршен разговор во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности за расчистување и документирање на делото, по што ќе следува соодветен поднесок.