вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Внимавајте да не Ве удрат по џеб, има засилени контроли: 130 санкционирани возачи денеска во Сарај и Ѓорче Петров

Внимавајте да не Ве удрат по џеб, има засилени контроли: 130 санкционирани возачи денеска во Сарај и Ѓорче Петров

СВР Скопје денеска спроведе зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на општина Ѓорче Петров и Сарај, при што санкционирани се 130 возачи.

Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, а 22 управувале со брзина поголема од дозволената.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесеме за поголема безбедност.