сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Внимавајте, има засилени контроли: Фрчеа казни во Штип

Внимавајте, има засилени контроли: Фрчеа казни во Штип

Вчера на подрачјето на СВР Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 38 возачи.

Од нив 21 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 17 надвор од населено место.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.