четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Внимавајте кога купувате и продавате автомобил на оглас, еве каква измама доживеал македонски граѓанин

Внимавајте кога купувате и продавате автомобил на оглас, еве каква измама доживеал македонски граѓанин

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје, Р.Р.(57) и Ш.А.(55), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На  28.02.2022, првопријавениот му се јавил на оштетеното 27-годишно лице и лажно се претставил како менаџер во хотел на Попова Шапка и се договорил со оштетениот да го донесе огласеното возило пред хотелот.

Тој го донел возилото пред хотелот и таму ги затекнал второ и третопријавениот, кои му кажале дека ќе го однесат возилото кај првопријавениот да го види и му побарале 300 евра, велејќи му дека ќе му ги вратат откако првопријавениот ќе го види возилото.

Двајцата заминале и не се вратиле, по што оштетениот сфатил дека е измамен.