На 09.08.2021 во 12:30 часот во Полициската станица Свети Николе, 67-годишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена од едно лице.
Според пријавеното, лицето дошло во дворот и на неа и нејзиниот сопруг им понудило огревни дрва, па откако се договориле веднаш да му платат само дел од сумата, лицето прифатило и ги зело парите, по што заминало, но не им донело дрва.
Се преземаат мерки зарасчистување на случајот.