На 24.07.2023 во 14:10 часот во СВР Куманово, 65 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 денари.
Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг со лицето се упатиле на местото каде наводно биле складирани.
Како што е пријавено, откако пристигнале лицето му кажало дека ќе по пила за сечење на дрва, но дошло кај неа и ѝ кажало дека нејзиниот сопруг рекол да му ги даде парите.
Откако нејзиниот сопруг се вратил без дрва, сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.