среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Внимавајте: Санкционирани 77 лица на територијата на Македонија за возење под дејство на алкохол

Внимавајте: Санкционирани 77 лица на територијата на Македонија за возење под дејство на алкохол

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашната вечер во периодот од 19.00 до 24.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 77 возачи.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнаа од МВР.