На 06.09.2022 во 18:30 часот во СВР Тетово, 66 – годишен жител на тетовско село пријавил дека околу 08:20 часот на неговиот син телефонски му се јавило лице, наводно сопственик на струмичка фирма и му нарачало повеќе градежни материјали.
По извесно време, тој ги натоварил материјалите на камион и ги испратил кон Струмица, но биле истоварени во скопско, а купувачот на материјалите му рекол дека тој ги платил на друго лице кое во меѓувреме дошло на неговиот плац, по што му станало јасно дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.09.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Кочани, 75-годишен жител на Кочани пријавил дека околу 10.00 часот во Кочани бил измамен од едно лице за сума од 1.500 евра.
Според пријавеното, лицето му кажало дека направило сообраќајна незгода со друго лице – странец, кое не ги разбирало парите – евра и ако има да му даде да ги види.
Како што е пријавено, тој му дал часовник како гаранција, по што заминал и не се вратил, по што оштетениот сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.