петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Битола санкционирани 45 возачи за брзо возење, 17 за управување под дејство на алкохол

Во Битола санкционирани 45 возачи за брзо возење, 17 за управување под дејство на алкохол

При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, вчера на територијата на СВР Битола биле санкционирани 45 возачи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив 33 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

– Исто така, во текот на изминатата вечер (10/11.09.2022), во периодот од 22 до 4 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 17 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци стои во соопштението од МВР.

Оттаму апелираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.