На 07.08.2022 во 00:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ настанал пожар во товарно возило – комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Д.(62) од Чифлик-Сопиште.
Од пожарот било зафатено и товарно возило – комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(64) од Скопје.
Во истиот период на бул.„Кочо Рацин“ било пријавено дека е опожарен мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(46) од Скопје, од кој било зафатено и неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.