петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во изминатите шест месеци на територија на СВР Битола уапсени 31 лице

Во изминатите шест месеци на територија на СВР Битола уапсени 31 лице

Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на СВР Битола привеле 31 лицe кои со судски наредби се барале за издржување и доиздржување на затворски казни на подрачјето на СВР Битола.

Најголемиот број од нив биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Битола“, а биле осудени на затворски казни за имотни деликти, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори и за други кривични дела.