понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Кичево повредено едно лице од експлозија на плинска боца во возило

Во полициската станица во Кичево денеска во раните утрински часови околу 4:50 часот, пријавена е експлозија на плинска боца и самозапалување на патнички автомобил „Поло“ со кичевски регистарски ознаки, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Притоа, со изгореници се здобил возачот З.Р. (26) од Кичево, кој веднаш бил пренесен во Општата болница.

Пожарот во внатрешноста на автомобилот бил изгаснат од вработени во блиската бензиска постојка на улицата „11 октомври“ во Кичево, појасни Димоски.