сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во ресенско откриени околу 10 м3 огревно дрво без соодветна документација

Во ресенско откриени околу 10 м3 огревно дрво без соодветна документација

На 26.09.2022 во с.Лева Река, ресенско, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен пронашле околу 10 м3 огревно дрво без жиг и соодветна документација.

Исто така, во Ресен, од Е.К. од Ресен било одземено патничко возило „југо” без регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без документација.

Дрвата биле предадени на Шумска полиција и се преземаат мерки за расчистување на случаите.