Кај 32 возачи е утврдено присуство на алкохол во крвта, а двајца одбиле проверка, при акциската контрола што ја спроведе ноќеска Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.
Сите 34 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени им се мандатни платни налози, соопшти денеска Министерството за внатрешни
Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 15 прекршочни платни налози.