недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 137 возачи, 23 лица возеле под дејство на алкохол

Во Скопје казнети 137 возачи, 23 лица возеле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 29 санкции, 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.