недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 150 возачи, од кои 11 без возачка дозвола

Во Скопје казнети 150 возачи, од кои 11 без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.