недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 151 возач

Во Скопје казнети 151 возач

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се шест мерки за непрописно престројување на возила, пет санкции за нерегистрирани возила, три мерки за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.