вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 152 возачи

Во Скопје казнети 152 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.