петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 182 возачи

Во Скопје казнети 182 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за некористење сигурносен појас… Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал-црвено светло, шест санкции за непрописно престигнување и обиколување… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.