среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 198 возачи, 61 за брзо возење

Во Скопје казнети 198 возачи, 61 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 18 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.