Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашните засилени акциски контроли во Скопје се изречени 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 25 за прекршоци што ги прават пешаците, како и седум за возење под дејство на алкохол.
Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 12 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за минување на црвено светло,…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.