Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 53, 22 санкции за возење без возачка дозвола, 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.
Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 санкции за некористење сигурносен појас, 11 мерки за возач почетник, девет за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.