четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 55 возачи за брзо возење, 11 под дејство на алкохол

Во Скопје казнети 55 возачи за брзо возење, 11 под дејство на алкохол

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на сообраќајните контроли се изречени вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли, најавија денеска од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.