Возач на автобус во Скопје вчера бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, соопшти МВР.
Инцидентот се случил околу 18:30 часот на автобуска станица на подрачјето на Центар, а го пријавил возачот, В. Д.(42).
-На 31.08.2022 во 18.50 часот во Полициската станица Центар, В.Д.(42) од Скопје пријавил дека на 30.08.2022 околу 18.30 часот на автобуска постојка на подрачје на Центар, Скопје, додека извршувал работни задачи како возач на автобус, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице, наведува МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.