петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје санкционирани 167 возачи од кои 30 за брзо возење

Во Скопје санкционирани 167 возачи од кои 30 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престројување на возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР потсетува дека Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.