вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје за брзо возење казнети 96 лица

Во Скопје за брзо возење казнети 96 лица

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.05.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл, три мерки за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.