недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во угостителски објект во Жеровјане приведени женски лица

Во угостителски објект во Жеровјане приведени женски лица

Во полициска акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, синоќа во периодот од 22.00 часот до 01.00 часот по полноќ биле затекнати шест женски лица (три од Република Србија и три македонски државјанки). Српските државјанки (две на возраст од 21 и една 26 години ) биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на 28-годишен жител од тетовското село Боговиње.