петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во возилото имал 170 пакети храна без декларација, приведен скопјанец

Во возилото имал 170 пакети храна без декларација, приведен скопјанец

На 14.07.2021 околу 15:00 часот од полициски службеници од РЦ ГР Север на место викано „Две чешми“, на регионалниот пат Скопје-с.Танушевци, бил приведен Б.Ш.(35) од Скопје.

При преглед на товарно возило „мерцедес спринтер“, кое го управувал, биле пронајдени околу 170 пакети со прехранбена стока, без декларација.

Известен бил Јавен обвинител и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои по преземени мерки и активности констатирале дека станува збор за небезбедна храна, која ќе биде уништена, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.