среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вооружена престрелка вечерва во Скопје

Вооружена престрелка вечерва во Скопје

Вечерва дошло до вооружена престрелка во Скопје, дознава Курир.

Вечерва околу 19 часот на улица Лазо Трповски, во близина на еден маркет по претходна расправија меѓу три лица дошло до меѓусебна престрелка, потврдија од МВР за Курир.

Според информации, до престрелка дошло најверојатно поради нерасчистени имотно правни односи.

Според нашите информации нема повредени, а увидна екипа од полицијата е излезена на терен, каде се работи на расчистување на случајот.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.