Железничка несреќа вчера попладне била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес, а која се случила на железничката пруга Велес-Кочани.
-Возот број 651 кој сообраќал на релација Скопје-Кочани, на 100 метри пред мостот, удрил во два коњи, сопственост на непознато лице, кои се движеле по пругата, информираат од полицијата.
Од ударот едниот коњ паднал врз патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(52) од Велес и го оштетил возилото.