Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Општина Крива Паланка санкционирала возач кој ја пречекорил максимално дозволената брзина со 79 километри.
Според информациите од секторот за внатрешни работи Куманово, вчера во спроведена акциска контрола на територијата на Крива Паланка се биле 37 возачи во Крива Паланка поради брзо возење.
-На подрачјето на Крива Паланка беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 37 возачи, од кои кај еден возач во населено место каде максимална дозволена брзина е 50, утврдена е брзина на движење со 129 километри на час. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и сите заедно да придонесат за посигурни патишта.