Во текот на вчерашниот ден (01.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за придонес за побезбедни патишта.