недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возете внимателно, МВР казнува: 563 санкции за брзо возење за еден ден

Возете внимателно, МВР казнува: 563 санкции за брзо возење за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (01.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 563 возачи.

Од нив 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 255 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 308 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.