Возило сопственост на Министерството за внатрешни работи вчера удрило во малолетно лице.
Несреќата, се случила во 11.35 часот после кружниот тек од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“.
-Патничко моторно возило „опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат од Министерството
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.