ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.Е.(65) од с.Врапчиште, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
На 27.12.2021 на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, при контрола на патничко возило „форд транзит“, сопственост на А.А., а управувано од пријавениот како такси превозник, било констатирано дека врши јавен превоз на патници без поседување на соодветна лиценца за вршење на дејноста издадена од надлежна институција.