понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Вршеле меѓународен превоз на патници, следува соодветна кривична пријава

Вршеле меѓународен превоз на патници, следува соодветна кривична пријава

На 29.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај седум патнички возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.