среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

За 24 часа казнети 200 возачи за брзо возење

За 24 часа казнети 200 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи.

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 116 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.