вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За 5 часа полицијата на територија на СВР Скопје казнила 156 пешаци

За 5 часа полицијата на територија на СВР Скопје казнила 156 пешаци
илустрација

Денеска (08.02.2022) во периодот од 11 до 16 часот полициски службеници на СВР Скопје спровеле акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 156 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив 118 поминале надвор од пешачки премин, а 38 поминале на црвено светло.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.