петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

За брзо возење казнети 284 лица

За брзо возење казнети 284 лица

Во текот на вчерашниот ден (18.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 284 возачи. Од нив, 21 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 166 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 61 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.