На 28.01.2022 во периодот од 18.00 до 22.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на Чаир, при што биле санкционирани 46 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.