Три случаи на каснување од куче биле пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден.
Имено од МВР известуваат дека на 08.11.2021 во 12.30 часот во СВР Скопје, Г.С.(51) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ бил каснат од куче скитник.
На истиот ден во 14.20 часот во СВР Скопје, С.Т.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник, а во 18.45 часот во СВР Скопје, Н.Н.П.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Милан Мијалковиќ“ била касната од куче скитник.