Во текот на изминатата вечер (30/31.08.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 108 возачи. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 30 надвор од населено место.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.