Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.