петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

За шест часа казнети 53 возачи, возеле пребрзо на територија на СВР Велес

За шест часа казнети 53 возачи, возеле пребрзо на територија на СВР Велес

Вчера (30.07.) од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес.

При акциската контрола санкционирани се 53 возачи.

Од нив, тројца возеле со дури над 50 километри на час над дозволеното.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.