недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

За три часа: Казнети 215 граѓани за брзо возење

За три часа: Казнети 215 граѓани за брзо возење

Денеска (05.08.2022) во периодот од 07:00 до 10:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 215 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.