СВР Велес поднесе кривична пријава против М.И.(42) и К.В.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
Пријавените, на 24.05.2021 биле затекнати на пункт на наплатна рампа Отовица од полициски службеници и покрај забраната за движење на лица во периодот од 22.00 до 05.00 часот.