вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Заедно пиеле, па се пресметале: Кумановец претепал жител на Јурумлери во Карпош

Заедно пиеле, па се пресметале: Кумановец претепал жител на Јурумлери во Карпош

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреди бил донесен П.В. (31) од с. Јурумлери, скопско, кој потоа бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

П.В. се здобил со повредите во населба Карпош во Куманово при физички напад од страна на Р.С. (22) од Куманово, со кого, неколку пати физички се пресметале, а претходно заедно со уште неколку лица конзумирале алкохол.

Р.С. бил приведен во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.