сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Загина скопјанец на мотор, удрил во камион кај Катланово

Загина скопјанец на мотор, удрил во камион кај Катланово

Скопјанец загина во сообраќајка кај Катланово, дознава 24 Инфо.

Според неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот на автопатот во правец кон Петровец и сообраќајот е во прекин.

Во судирот настрадало момче на возраст од 28 години кое со мотор се удрило во камион и починало на самото место.

Повеќе детали за несреќата МВР ќе даде во текот на денот.