сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Залутан куршум завршил во паркиран автомобил во Гази Баба

Залутан куршум завршил во паркиран автомобил во Гази Баба

На 31.07.2022 во 01.00 часот во Полициска станица Гази Баба, В.Ј.(55) од Скопје пријавила дека во 00.49 часот, додека била во својот дом на подрачјето на Гази Баба, слушнала звук, а потоа забележала залутано зрно на нејзиното паркирано патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, при што била оштетена и шофершајбната.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.