среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Залутани куршуми оштетиле две возила, продавница и казино во Скопје

Залутани куршуми оштетиле две возила, продавница и казино во Скопје

Денеска (07.02.2023) во 01:51 часот во СВР Скопје, З.З.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Бутелска“ од залутано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки.

Полициски службеници од Полициска станица Чаир излегле на местото, при што било констатирано дека од залутано зрно било оштетено и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.Н. (24) од Скопје, како и продажен објект и казино.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.